НЕШТО ГОЛЕМО СЕ КРЧКА ВО БЕЛГРАД Српскиот премиер денеска ќе поднесе оставка?

Како што објавуваат локалните медиуми, Милош Вучевиќ денеска во 11 часот ќе одржи вонредна владина седница на која ќе поднесе оставка, јави Танјуг.

898

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска ќе поднесе оставка, дознава српскиот портал Нова.рс.

Како што објавуваат локалните медиуми, Вучевиќ денеска во 11 часот ќе одржи вонредна владина седница на која ќе поднесе оставка, јави Танјуг.






Бранот протести со кои се бара одговорност од властите за смртта на 15 лица и тешките повреди на уште двајца при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, прерасна во студентски бунт и движење откако студентите на Факултетот за драмски уметности во Белград беа нападнати од провокатори и насилници за време на комеморативниот собир на кој секој ден во 11:52 часот на жртвите им се оддава почит со 15-минутно молчење.

Вчера, српскиот претседател Александар Вучиќ, среде блокадата на студентскиот сообраќај во Белград, изјави дека ќе ги исполни сите нивни барања и ќе ги помилува уапсените за време на досегашните протести, а истовремено ќе најави реконструкција на владата.

Студентите одговорија дека нивните барања не се исполнети и дека продолжуваат со блокадите.

– Очекувам повеќе од 50 проценти од актуелните министри да бидат сменети со многу, многу итна реконструкција на владата – рече српскиот претседател во едно од неговите редовни јавни обраќања во понеделникот вечерта додека илјадници луѓе се собраа на клучката Автокоманда и околните улици.

За в среда е најавена собраниска расправа за доверба на владата, но неколку опозициски партии најавија дека нема да учествуваат на седницата.

Поврзани содржини