НЕСАКАЈЌИ ОШТЕТИЛ КОШНИЦА НА ПЧЕЛИ УБИЈЦИ Се здобил со 20.000 убоди, проголтал 30 пчели и завршил во кома

Пчелите ги нападнале и неговите баба и вујко, кои биле во близина, па тие не можеле да му помогнат.

114

Дваесетгодишен Американец е во кома по 20.000 убоди од „пчели убијци“, информираше неговото семејство.

Остин Белами е на респиратор и во индуцирана кома во болница во Синсинати, Охајо, јави телевизијата Фокс 19. Американецот несакајќи исекол кошница од пчели убијци, нарекувани и африкански пчели, што важат за доста агресивни.






Пчелите ги нападнале и неговите баба и вујко, кои биле во близина, па тие не можеле да му помогнат. Момчето голтнало околу 30 пчели. Инцидентот се случил во петокот наутро, а медицински лица ги ваделе пчелите до неделата.

Здравствените работници веруваат дека момчето целосно ќе закрепне.

Поврзани содржини