НЕРВОЗЕН УКРАИНЕЦ ПРЕДИЗВИКАЛ ИНЦИДЕНТ ВО ОХРИД Агресивно се однесувал со вработените и со гостите во хотелот

Во хотелски објект лоциран на кеј Македонија во Охрид, 42-годишниот Украинец го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување кон вработените и присутните гости.

1,006

Ноќеска во 1 часот по полноќ во СВР Охрид е приведен 42-годишниот Р.Ч. од Харков, Република Украина, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР) преку соопштение.

„Тој, претходно во хотелски објект лоциран на кеј Македонија во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување кон вработените и присутните гости. Против него ќе биде поднесена пријава по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир“, наведено е во полицискиот билтен.

Поврзани содржини