НЕРВОЗЕН ГОСТИВАРЕЦ ИЗБОЛ МЛАД ВОЗАЧ СО НОЖ Инцидент во Гостивар поради кавга во сообраќај
Вчера во 10:30 часот на улица 18 Ноември во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле 61-годишниот А.М. од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека околу 10.00 часот на улица Панче Попоски во Гостивар, поради недоразбирање во сообраќајот, со остар предмет му нанел убодни рани на 26-годишниот М.Р од Чегране, гостиварско.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.