ИЗБРАНА ПРЕТСТАВНИЧКАТА ЗА ЕВРОВИЗИЈА Жирито одлучи Андреа да патува во Торино ВИДЕО

959

Гледачите и интернационалното жири одбраа кој ќе ја изведува македонската песна на Евровизија. Гласањето за гледачите се одвиваше онлајн, преку сајтот на Македонската радио телевизија, која е и организатор на изборот.

Иако Виктор Апостоловски имаше повеќе гласови од гледачите, сепак на крајот имаше изедначен скор со Андреа Коевска. Тука пресудни беа гласовите на стручното жири, па Андреа со композицијата „Circles“ оди во Торино.






Автор на музиката и аранжманот на „Circles“ е Александар Масевски, додека, текстот е пишуван заедно со Андреа Коевска.

Оваа година Евровизија ќе се одржи во Торино, Италија под мототo „Звукот на убавината“.

Во националниот избор за песна за „Евросонг 2022“ учествуваа и Калина Велковска – Кaly со „LOVE AND LIGHT“, Јон Ајдини – Yon Idy, со „DREAMS”, Лара Иванова со „FLOWER OF SORROW“, Виктор Апостоловски со „SUPERMAN“ и Борис Цветановски – Ris Flower, со „FLYING TO BERLIN”.

Северна Македонија на 66-то издание на „Евросонг“ ќе настапи во второто полуфинале на 12- мај, а финалето е закажано за 14-ти мај. Манифестацијата ќе се одржи во арената „Пала Олимпико“ во Торино, откако минатата година првото место го освои италијанскиот рок-бенд „Манескин“.

 

 

Поврзани содржини
na