НЕРЕШЕНО И ВО ЛОНДОН И ВО МАДРИД Без победник во првите четвртфинални натпревари од Лигата на шампионите 

Арсенал и Баерн одиграа 2-2 во Лондон, а Реал Мадрид и Манчестер Сити ремизираа 3-3 во Мадрид.

356

Првите четвртфинални натпревари во фудбалската Лига на шампиони, завршија нерешено, откако Арсенал и Баерн одиграа 2-2 во Лондон, а Реал Мадрид и Манчестер Сити ремизираа 3-3 во Мадрид.

Стрелци за Арсенал беа Букајо Сака во 12 и Леандро Тросар во 76 минута.






Головите за Баерн ги постигнаа Серж Гнабри во 18. минута и Хари Кејн од пенал во 32. минута.

Резултатски пресврти донесе и дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Стрелци за Реал беа Рубен Диас во 12. Минута (автогол), Родриго во 14. минута и Федерико Валверде во 79. минута.

Головите за Манчестер сити ги постигнаа Бернардо Силва во втората, Фил Фоден во 66. минута и Јошко Гвардиол во 71. минута.

Реваншите се закажани за седум дена во Минхен и во Манчестер.

Поврзани содржини