НЕРЕАЛНИ СЦЕНИ ОД ПРОТЕСТИТЕ ВО МЕЛБУРН Полицијата во џипови бега од лутите демонстранти (ВИДЕО)

Полицијата соопшти дека за време на протестот кон нив биле фрлани шишиња, камења и други предмети при што биле повредени неколку полицајци од страна на демонстрантите, пренесува „Гардијан“.

883

Неколку стотици демонстранти вчера се собраа на улиците во Мелбурн втор ден по ред. Тие протестираат против рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот, што директно ja загрозило нивната егзистенција.

Синоќешните протести ескалираа кога демонстрантите се судрија со полицијата. Тие се незадоволни бидејќи властите ја донесоа одлуката за затворање на градежната индустрија на две недели, поради лошите мерки за заштита при работа.






Министерството за здравство потврди дека 409 случаи на коронавирус се поврзани со луѓе кои работат во градежната индустрија.

– Како резултат на овие податоци, тимот за јавно здравје нема друг избор освен да го притисне копчето за пауза и да продолжи да работи со секторот во следните две недели со цел да се подобри усогласеноста и да се забави ширењето на вирусот – рече министерот за здравство.

Оваа одлука ги налути работниците чијашто егзистенција беше загрозена на овој начин и тие одлучија своето незадоволство да го изразат со протести на улиците во Мелбурн.

Видео кое кружи на Твитер покажува како полицијата почнува да бега со автомобили откако гневните демонстранти тргнаа кон нив. Тие се обидоа брзо да ги свртат службените возила и да побегнат, меѓутоа, револтираните граѓани ги стигнаа.

 

Некои од нив почнаа да фрлаат камења и шишиња по автомобилите, додека други отидоа чекор подалеку и почнаа да ги удираат возилата со рацете и да кршат ретровизори и ветробрански стакла.

Еден полициски автомобил потоа застана и вооружените полицајци тргнаа кон толпата, која во тој момент почна да бега.

Полицијата соопшти дека за време на протестот кон нив биле фрлани шишиња, камења и други предмети при што биле повредени неколку полицајци од страна на демонстрантите, пренесува „Гардијан“.

Командантот на полицијата во Викторија, Марк Галиот, денеска им рече на новинарите дека се уапсени 235 демонстранти, меѓу кои 193 лица, кои исто така ќе бидат казнети за кршење на мерките за јавно здравје.

Многумина во коментарите го осудија насилното однесување на граѓаните, наведувајќи дека тие не го оправдуваат таквото насилство, како и дека ова не е начин да се добие посакуваната слобода.

Поврзани содржини