НЕРЕАЛНА УБАВИНА Моника Белучи објави фотографија од ќерка си, луѓето воодушевени (ФОТО)

Белучи објави фотографии од Дева на Инстаграм на модната ревија на „Диор“ во Париз.

2,954

Дева Касел, 17-годишната ќерка на италијанската актерка Моника Белучи, со својот изглед ги воодушевува и модните познавачи и обожавателите на нејзината славна мајка.

Белучи објави фотографии од Дева на Инстаграм на модната ревија на „Диор“ во Париз, којашто стотици илјадници луѓе ја лајкнаа, а коментарите непрекинато се нижат.






Дева Касел успешно се занимава со манекенство веќе неколку години, а многумина сметаат дека изгледа неодоливо потсетувајќи на нејзината мајка.


„Убава е како мајка“, „Каква убавица“, „Прекрасна е“, се коментарите под фотографијата којашто Белучи ја објави на Инстаграм. Дева Касел ја следат повеќе од половина милион луѓе на истата социјална мрежа. Младата убавица е заштитно лице на модниот бренд „Долче и Габана“, а во јули заедно со својата мајка ја красеше насловната страница на италијанскиот „Вог“.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини