НЕРЕАЛНА ОСНОВА ДАВА НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ Славески смета дека владата го утнала буџетот за 2022 година
Професорот оценува дека се сомнителни како приходната така и расходната страна на буџетот, а огромниот буџетски дефицит ќе влијае на зголемување на јавниот дол и неговот учество во домашниот бруто производ (БДП).Капиталните инвестиции, смета Славески се нереално проектирани бидејќи досега се покажа дека институциите не се способни да ги реализираат.
Проекциите за буџетот 2022 година се направени погрешно бидејќи е проектиран на нереална основа, што говори дека новиот буџет е нереален, оцени денеска Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој оценува дека се сомнителни како приходната така и расходната страна на буџетот, а планираниот огромен буџетски дефицит ќе влијае на зголемување на јавниот дол и неговото учество во домашниот бруто производ (БДП). Капиталните инвестиции, смета Славески, се нереално проектирани бидејќи досега се покажа дека институциите не се способни да ги реализираат.
Според него, грешката во проектирањето на наредниот буџет, е направена што се тргнало од нереални податоци, односно на предвидениот раст за годинава од 4,1 отсо кој со оглед на досегашните статистички податоци и она што ја очекува економијата до крајот на годината нема да биде во толкав износ.
– Високо-фрекфентните показатели за третиот квартал, од оваа тековната година упатуваат дека растот во втората половина од 2021 година најверојатно ќе биде низок или можеби негативен. Во септември 2021 година растот на индустриското производство изнесува – 8 отсто додека градежништвото во јули и август забележува двоцифрен пад. Автомобилската индустрија се соочува со сериозни проблеми во синџирите на снабдување. Сето ова упатува дека растот во 2021 година, најверојатно ќе биде значително понизок од предвидениот – појасни Славески.
Тој вели дека многу е мала веројатноста и предвидениот раст на економијата од 4,6 отсто во следната година да се оствари. Причини за тоа има и на врнатершен палн, но и на надворешен.
– Во изминатите 5 години од практикување на власта од страна на СДСМ и ДУИ растот на БДП никогаш не надминал 4 отсто. Притоа, нејасно е како ќе се оствари овој раст во услови на големи проблеми во светот со синџирите на снабдување, можната енергетска криза како и се уште присутната здравствена криза. Инфлацијата претставува дополнителен проблем, а во проекциите на Министерството за финансии овие проблеми на волшебен начин исчезнуваат во втората половина од 2022 година – вели Славески.
Според него, ваквите нереални проекции придонесуваат за нереално проектирање на приходната страна на буџетот.
– Имено, се предвидува раст на даночните приходи од над 10 отсто во 2022 година. Притоа, особено висок раст од 14 отсто се предвидува кај Данокот на додадена вредност. Истовремено се предвидува раст на приватната потрошувачка од 3,5 отсто и исто толкав раст на вработеноста. Повисоката цена на нафтата на светските берзи веројатно ќе придонесе за повисоки приливи по основ на ДДВ од увоз но сепак, раст од 14 отсто на Данокот на додадена вредност е невозможен. Но, овде се поставува прашањето зошто проекциите за буџетските даночни приходи по основ на данок на добивка и данок на личен доход за 2022 година се поставени на толку ниско ниво (со пораст од само 2,59 отсто и 1,25 отсто, респективно), а имајќи ги предвид проекциите на Владата дека БДП ќе порасне за 4,1 отсто во 2021 година. Би било логично и финансиските резултати на компаниите односно нивните добивки да бидат поголеми од 2019-та година со што и приходите во буџетот по основ на данок на добивка за 2022 година би биле значително повисоки – вели Славески.
Тој ја постави и дилемата дали со вака ниско проектираните приходи во Буџетот од директните даноци, а тоа се данокот на личен доход и данокот од добивка, Владата има за цел да ја покрие својата неспособност во менаџирањето на Управата за јавни приходи и нивната неефикасност во справувањето со сивата економија и реално ниската наплата на даноци?
Славевски вели дека нереално проектираните приходи даваат искривена слика и проблеми во менаџирањето со јавните финансии.
Што се однесува до расходната страна на буџетот, според Славески, порастот на платите е арбитрарен и се однесува само на одредени институции.
– Се поставува прашањето по кои критериуми министерството за финансии утврдило кои вработени и во кои институции колкав процент на зголемување на платите ќе добијат. Тоа навистина не е фер кон голем број вработени во државната управа и во јавниот сектор во целина. Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, платите во овие дејности ќе растат со еднаков процент секоја година. На тој начин полицијата и војската нема да бидат дискриминирани како што е тој случај сега што проекциите за буџетот за 2022 година – рече тој.
За Славевски е сомнителен растатот на буџетите на институциите задолжени за јавна безбедност.
– Имено Буџетот на ОТА –Оперативно техничка агенција се зголемува за цели 60 отсто, а за 20 отсто се зголемува и буџетот на Агенцијата за разузнавање – појасни Славески.
Тој вели и дека субвенциите за приватниот сектор се намалуваат како резултат на намалување на потребата за субвенционирање на претпријатијата погодени со мерките од кризата со ковид-19. Но овој износ би требало да се рефлектира кај буџетскиот дефицит и истиот да се врати на пред – пандемиските нивоа.
– Капиталните расходи се планираат на неверојатни 37 милијарди денари. Но практиката од минатото покажа дека Владата предводена од СДСМ нема капацитет за реализација на капитални инвестиции. Највисок износ на капитални инвестиции досега Владата на СДСМ реализирала во 2017-та година и тоа во износ од околу 19 милијарди денари. Денес министерот за финансии нé убедува дека оваа иста Влада ќе реализира 37 милијарди денари капитални расходи. Ова е навистина неверојатно! Во буџетот за 2022 година, не се предвидени никакви средства за помош на ЕЛЕМ и МЕПСО. Овие енергетски компании се во длабока криза и доколку не им се помогне, Република Македонија ќе остане без електрична енергија. Неодговорното менаџирање со секторот енергетика во изминатиот период врши и во иднина ќе врши сериозни притисоци врз државниот буџет, а сметката за последиците од ова ја плаќаат граѓаните – вели Славески.
Славевски забележува дека Министерството за финансии со проектирањето на буџетот за 2022 година не успеало да ја проголжи фискалната консолидација и да го врати постепено буџетскиот дефицит на пред-пандемиските нивоа.
– Во буџетот за 2022 година предлагаат огромен буџетски дефицит со неверојатно образложение дека наводно„Капиталните расходи ќе бидат повисоки од буџетскиот дефицит“. Иако звучи примамливо за јавноста, ова не претставува новина. Имено, капиталните расходи во минатото се скоро секогаш или го надминуваат износот на буџетскиот дефицит, некогаш и двојно, освен 2013, 2014 година кои се години на европска должничка криза и 2020-та година – година на пандемиската рецесија. Со ваквиот буџетски дефицит, ќе продолжи растот на јавниот долг, кој и во моментов е над критичното ниво од близу 60% од БДП вели Славески.