НЕПТУН СО ИТНА ПРОДАЖНА АКЦИЈА НА КЛИМА УРЕДИ Опфтени се инвертери од глобално реномирани брендови
Од Нептун велат дека во рамките на акцијата се опфатени висококвалитетни инвертер клима уреди од глобално реномирани брендови како што се BEKO, FUEGO, GRUNDIG, HOOBART, LG и SAMSUNG, достапни и преку онлајн платформата www.neptun.mk со можност за директно купување и закажување монтажа.
Нептун објавува итна продажна акција за клима уреди со приоритет на брза испорака и професионална монтажа, како што велат од компанијата, сè со цел граѓаните да бидат подготвени навреме и да не останат без решение кога ќе биде најпотребно.
„Африканскиот бран доаѓа. Клима уредот нека ве пречека дома – купете веднаш и монтирајте пред сите! Уживајте во ладниот комфорт кога ќе биде најжешко“, гласи пораката на Нептун.
Во соопштението се вели дека Нептун „има итен одговор за најавените временски промени и очекуваната жештина што се приближува. Нептун ги става на располагање сите достапни капацитети, од засилени залихи, едукативен персонал до организирана сервисна логистика, за клиентите да добијат комплетна услуга без чекање“.
Од Нептун велат дека во рамките на акцијата се опфатени висококвалитетни инвертер клима уреди од глобално реномирани брендови како што се BEKO, FUEGO, GRUNDIG, HOOBART, LG и SAMSUNG, достапни и преку онлајн платформата www.neptun.mk со можност за директно купување и закажување монтажа.
„Нашата цел не е само продажба, туку обезбедување удобност и сигурност – пред да настане потребата. Веќе бележиме засилен интерес, и оваа акција е повик до сите да реагираат навреме, пред залихите и монтажните термини да се исцрпат. Нептун –кога удобноста значи навремена одлука!“, порачуваат од компанијата.