НЕПРИЈАТНА СИТУАЦИЈА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ Компјутерски томографи во Скопје се расипаа, итните случаи ќе се пренасочуваат
Институтот за радиологија во соработка со Министерството за здравство, вложува максимални напори за што побрзо ставање во функција на оваа апаратура, со целосна посветеност кон непрекинато обезбедување квалитетна здравствена заштита.
Од ЈЗУ Универзитетски Институт за радиологија – Скопје информираат дека поради покомплексен дефект на рендгенските цевки на двата компјутерски томографи (КТ), кои се наоѓаат во деташираните одделенија на ургентeн центар и хируршките клиники, од денеска пациентите со итна патологија кои имаат потреба од КТ дијагностика се привремено пренасочувани кон другите јавни здравствени установи.
За таа цел е изготвен план за упатување на пациентите до надминување на дефектот, на кој се работи интензивно со цел континуитет во работата и највисока можна здравствена заштита за пациенти.
Службата за ИМП е веќе информирана за времено насочување на итните пациенти, согласно планот:
Во ГОБ 8 Септември:
– од 08.00 до 14.00 часот
– од 20:00-до 02:00 часот
Во Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски”:
– од 14:00 до 20.00 часот
-од 02:00 до 08.00 часот
Од почеток на следната недела и поликлиниката Јане Сандански при Здравствен дом Скопје, како и останатите јавноздравствени институции кои располагаат со оваа апаратура ќе бидат вклучени во планот за итна КТ дијагностика.
На Институтот за радиологија, непречено фунционирааат уште два КТ апарати за веќе закажните онколошки и други амбулантски прегледи, без одложувања, а радиолошкиот лекарски кадар е подготвен во секое време да се вклучи во интерпретација на итните КТ наоди, кои ќе бидат снимани во другите институции.
Институтот за радиологија во соработка со Министерството за здравство, вложува максимални напори за што побрзо ставање во функција на оваа апаратура, со целосна посветеност кон непрекинато обезбедување квалитетна здравствена заштита.