НЕПРИЈАТНА МИРИЗБА СЕ ШИРИ ВО АЕРОДРОМ Гори депонија што не е на територија на општината, се бара решение со Град Скопје
Со цел да се реши овој проблем со кој се соочуваат граѓаните, Општина Аеродром веќе упати барање од Градот Скопје за преземање на сите неопходни мерки, соопшти од Општина Аеродром.
По пријавите и реакциите од страна на граѓаните за непријатен миризба од запален отпад кој се шири на територијата на Општина Аеродром, општинските инспекциски служби излегоа на терен при што констатираа дека станува збор за согорување отпад од депонија што не се наоѓа на територијата на општината, информираат од Општина Аеродром.
Со цел да се реши проблемот на граѓаните, упатен е апел до градската администрација и побарана е интервенција од надлежните.
-Со цел решавање на овој проблем со кој се соочуваат граѓаните, Општина Аеродром веќе упати барање од Градот Скопје за преземање на сите неопходни мерки. Во оваа прилика, упатуваме апел до градската администрација и останатите надлежни институции, во рамки на своите надлежности да преземат се што е потребно за надминување на проблемот.
Здравата животна средина и здравјето на граѓаните е приоритет на Општина Аеродром и во таа насока, а согласно надлежностите на локалната самоуправа ги преземаме сите неопходни мерки за обезбедување на континуитет во одржување на јавната хигиена, истакнуваат од Општина Аеродром.