НЕПРЕСУШНА КРЕАТИВНОСТ, ТАЛЕНТ И ИНСПИРАЦИЈА Кој беше Корнелије Ковач (1942-2022)
Пишувал музика за многу популарни изведувачи од цела Југославија, како Здравко Чолиќ. Оливера Катерина, Бисера Велетанлиќ, Неда Украден, Мики Евремовиќ, „Генерација 5“, Лепа Брена и многу други. Блиску соработувал со музички имиња како Јосип Бочек, Дадо Топиќ, Ратко Дивлјан. Негови песни се наоѓаат на многу албуми издадени во Југославаија, Шпанија, Англија, Франција, САД, Шведска, Холандија, Финска. Многу албуми со негови композиции достигнаа платинести и златни тиражи.
Композиторот, музичар и продуцент Корнелије Ковач, кој почина денеска на 81- годишна возраст, беше една од најмаркантните фигури на музичката сцена на просторите на поранешна Југославија. Имаше богата и плодна кариера, зад себе остави десетици незаборавни хитови, но изврши и пресудно влијание врз повеќе генерации уметници, музичари, пејачи и продуценти. Тој соработуваше со најголемите поп-ѕвезди во Југославија, но и со големи имиња од светската музичка сцена.
Роден е во Ниш во 1942 година. Својата прва композиција „Пусти тротоари“ ја напишал уште на 14-годишна возраст, а рано почнал да настапува. Се стекнал со извонредно музичко образование на Музичката академија во Сараево, што му овозможило подоцна да биде успешен и како композитор, пијанист и аранжер.
Во 1961 година ја основал својата прва група ВКВ, која брзо стекнала углед како џез трио. Со овој состав учествувал на Ју-џез фестивал во Блед, Словенија во 1963 година. Во 1966 станал член на сараевската рок група „Индекси“, со која заминал на двомесечна турнеја во Русија.
За „Индекси“ компонирал голем број хитови, што му донело репутација на композитор и инструменталист, но по отслужувањето на воениот рок решил да остане во Белград, каде ја формирал „Корни група“. Овој состав добил повеќе награди на фестивали, а ја претставувал Југославија на Евровизија во 1974.

Корнелие Ковач имал непресушен талент и креативност. Пишувал музика за многу популарни изведувачи од цела Југославија, како Здравко Чолиќ. Оливера Катерина, Бисера Велетанлиќ, Неда Украден, Мики Евремовиќ, „Генерација 5“, Лепа Брена и многу други. Блиску соработувал со музички имиња како Јосип Бочек, Дадо Топиќ, Ратко Дивлјан, со кои во 1977 се обидувал да формира „супергрупа“, но обидот не успеал.
Во 1979 Корнелие Ковач заминал за Англија, каде работел на многу музички проекти заедно со членови на „Вајтснејк“, „Манфред Мен“, и други познати британски музичари и групи. Работел и на многу музички проекти во Шпанија како композитор и аранжер.
Корнелије Ковач пишувал музика за филм, театар и телевизија. Негови песни се наоѓаат на многу албуми издадени во Југославаија, Шпанија, Англија, Франција, САД, Шведска, Холандија, Финска. Многу албуми со негови композиции достигнаа платинести и златни тиражи.
„ГЕНЕРАТОР“ НА ХИТОВИ
Импозантен е списокот на хитови за кои музиката и текстот, ги пишувал Корнелије Ковач:„Април у Београду“, Живиш у облацима“, „Звао сам је Емили“, „Она спава“, „Једна зима са Кристином“, „Станица Подлугови“, „Ти си била увјек била“, „Ти си ми у крви“,„Пјевам дању, пјевам ноќу“ (Здравко Чолиќ)
„Успомене, успомене“, „кад једном зажелиш“, „Ове ноќи једна жена мирно спава“ (Златко Пејаковиќ)
„Ти само буди довољно далеко“, „Уморан од свега“ („Генерација 5)
Помалку се знае дека компонирал и многу хитови за народна, новокомпонирана музика, како што се „Јанош“, „Сањам“, Ситније, Циле ситније“ за Лепа Брена.
Неговиот личен живот исто така е богат и бурен. Има три ќерки, Александра, Кристина и Ања, од бракот со Споменка Ковач, текстописец и сценарист, која почина во 2005 година. Од вториот брак, по смртта на Споменка Ковач, има уште еден син.
Неговата ќерка Кристина Ковач, исто така позната продуцентка и музичарка, со која тој не беше во најдобри односи, се прости од него со порака на инстаграм „Татко мој“.
View this post on Instagram
На социјалните мрежи од Корнелие Ковач се прости и неговата друга ќерка, позната поп пејачка и композиторка Александра Ковач, со зборовите:
„Не напушти најдобриот човек, најголемата музичка легенда, која чекорела на овие простори, кој засекогаш ја промени историјата на југословенската музичка уметност. Те сакаме тато, до ѕвездите и назад“.