НЕПРАВДАТА Е КОНЕЧНО ИСПРАВЕНА Левандовски е фудбалерот на годината!
Избран е и дрим-тимот за 2021 година: Донарума, Алаба, Бонучи, Диас, Де Брујне, Жоржињо, Канте, Левандовски, Роналдо и Халанд.
Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски е прогласен за фудбалер на годината во изборот на ФИФА, која се потруди да ја исправи неправдата по „украдената“ Златна топка.
Левандовски во финалниот избор за наградата „The Best“ беше подобар од Лионел Меси и Мохамед Салах, на тој начин реванширајќи му се на Аргентинецот кој му ја зеде Златната топка.
На свеченоста во Цирих, за најдобар голман е прогласен Едуард Менди од Челси, додека во женска конкуренција тоа е Кристиане Ендлер од Лион. Голот на Ерик Ламела во дресот на Тотенхем против Арсенал е прогласен за гол на годината, додека медицинскиот тим на репрезентацијата на Данска која му ги спаси животот на Кристијан Ериксен ја доби наградата за фер-плеј.
Наградата за тренер на година ја доби Томас Тухел кој со Челси триумфира во Лигата на шампионите.
Како дел од доделувањето на „ФИФА БЕСТ“ наградите на ФИФА, беше прогласен и најдобриот состав на денешницата во избор на ФИФПРО, односно самите играчи преку организацијата на професионални фудбалери.
На голот е Џанлуиџи Донарума, освојувачот на европската титула со Италија и новиот голман на Пари Сен-Жермен, додека тројца дефанзивци се Рубен Дијаш (Манчестер сити/Португалија), Леонардо Бонучи (Јувентус/Италија) и Давид Алаба (Реал Мадрид, Австрија).
Креатори на играта се двајца играчи на Челси, Жоржињо (Италија) и Н’Голо Канте (Франција), како и Кевин де Брујне од Манчестер сити, додека во нападот се неизбежните Лионел Меси и Кристијано Роналдо, но и Ерлинг Халанд (Норвешка/Борусија Дортмунд) и освојувачот на „БЕСТ“ наградата, Полјакот Роберт Левандовски.
