НЕПОВТОРЛИВИОТ ЖИВОТ НА КИАНУ РИВС Сестра му починала од леукемија, ќерка му се родила мртва
Но, нашата ќерка се роди мртва во 1999 година, што ја уништи нашата врска, а 18 месеци подоцна Џенифер го загуби животот во сообраќајна несреќа. Затоа не сакам да влегувам во сериозна врска и не сакам да имам деца. Мојата помала сестра имаше леукемија, но успеа да заздрави. Донирав 70 отсто од приходите од „Матрикс“ на болници кои лекуваат пациенти со леукемија. Јас сум една од ретките холивудски ѕвезди кои не живеат во вила туку во хотели, немам телохранители и не носам скапа облека. Иако имам повеќе од 100 милиони долари, се возам во метро и уживам, објаснува Ривс.
Бунтовниот, несекојдневен и загадочен живот на Киану Ривс, ѕвездата од „Матрикс“ уште успева да ги изненади критичарите и да ги заинтригира неговите фанови. Глумецот има возбудлива 36-годишна кариера полна и со многу лични трагедии, а таа ќе добие нов тек на 22 декември, кога ќе излезе „Воскреснатиот Матрикс“, четврт дел од серијалот, пишува Глорија.
Триесет години откако се прослави со хитот „Пеколен бран“, Ривс (57) не се откажува од одлуката да живее во свој филм и по свои правила. Тој нема вила на Беверли Хилс, приватен авион и „штала“ со автомобили по нарачка. Тој нема ниту партнерка со идеални пропорции на телото, која би била дваесет години помлада од него. Неговата сродна душа е уметницата Александра Грант која има 48 години и нема силиконски гради.
Како дете, Киану често се селел со својата мајка и сестра. Сменил четири средни училишта, што му отежнувало да се дружи. Го исмевале поради дислексијата која ја имал. Малку е познато дека тој никогаш не дипломирал. Се образувал и го усовршил читањето на глас.
Ќерка му се родила мртва, сестра му починала од леукемија
– Повеќето луѓе знаат за мене, но не ја знаат мојата приказна. Кога имав три години, татко ми го напушти семејството. Страдам од дислексија која ми го направи времето на училиште болно, а образованието бавно. Мојот најдобар пријател и колега Ривер Феникс се предозираше кога имав 23 години. Запознав една девојка, Џенифер Сајм во 1998 година. Тоа беше љубов на прв поглед – вели глумецот и додава:
– Но, нашата ќерка се роди мртва во 1999 година, што ја уништи нашата врска, а 18 месеци подоцна Џенифер го загуби животот во сообраќајна несреќа. Затоа не сакам да влегувам во сериозна врска и не сакам да имам деца. Мојата помала сестра имаше леукемија, но успеа да заздрави. Донирав 70 отсто од приходите од „Матрикс“ на болници кои лекуваат пациенти со леукемија. Јас сум една од ретките холивудски ѕвезди кои не живеат во вила туку во хотели, немам телохранители и не носам скапа облека. Иако имам повеќе од 100 милиони долари, се возам во метро и уживам – објаснува Ривс.
Критичарите го клеветеле, бил дежурен антихерој
Ако ги пребарате сите лоши критики што ги добил Киану веројатно ќе заклучите дека не се сите оправдани. Поточно, Индепендент тврди дека Кијану Ривс „е една од најнеправедно наклеветените ѕвезди во своето време и актер со многу пораскошен талент отколку што тврдат неговите критичари“.
Имено, омилените улоги на Ривс никогаш не биле „самоуверени мачо ликови туку чудни, срамежливи анти-херои кои имаат колеблива и интроспективна страна, што ја прави уште попривлечна и поинтригантна“, пишува Индепендент.
Неповторлив оптимист, спротивен на холивудските правила
До денес, актерот не е поврзан со никаква афера, без скандали и речиси никакви пороци. Неговиот имиџ е толку спротивен со индустријата во која работи што се чини дека доаѓа од друг свет. Сепак, по трнливиот живот одбележан со трагедии, невината филмска ѕвезда конечно си дојде на своето. Тој најде публика која го прифаќа и го цени онаков каков што е.
– На крајот, сите можеме да се согласиме дека силната личност може да ги преживее и најлошите трагедии и да продолжи да ужива во малите нешта. Без разлика што ве мачи во моментов, можете да го победите! Животот вреди да се живее! – свечено изјавува Киану.