Неповторлива можност од Видеолотарија: Дружба со Пандев и влезници за Австрија-Македонија

Уживајте во друштво на Горан Пандев, слушнете ги неговите размислувања за настапот на Македонија на Еуро 2020 и не ја пропуштајте шансата и вие да можете да викнете: Одам на Европско!“, соопшти Видеолотарија

267

Видеолотарија Касиниос Австрија ги повикува своите следбеници на социјалните мрежи, но и сите останати љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската фудбалска репрезентација на уникатна и ексклузивна дружба, зачинета со фантастично изненадување.

В недела, на 6 јуни, од 14.30 часот, македонскиот фудбалски херој, Горан Пандев ќе биде гостин на  фан-страница на Фејсбук во live chat!






„Секој може да се вклучи и да му постави прашање на нашиот капитен во пресрет на историскиот настап на Европското првенство и на точно една недела до првиот натпревар на Македонија, против Австрија. Уште сега почнете да мислете прашање за Пандев и поставете го во инбокс или, пак, сочувајте го и пишете го во живо, додека тој ќе разговара со вас, фановите и ќе одговара на прашањата.

Tука не е крајот на доживувањето, бидејќи дружбата со Пандев ќе заврши и со едно, супер изненадување. Сè што треба да направите е да одговорите точно на прашањето, кое Пандев ќе го постави, а потоа самиот ќе селектира кој од оние што точно одговориле е среќниот добитник. 

Уживајте во друштво на Горан Пандев, слушнете ги неговите размислувања за настапот на Македонија на Еуро 2020 и не ја пропуштајте шансата и вие да можете да викнете: Одам на Европско!“, информира Државна Видеолотарија на Македонија.

 

Поврзани содржини