НЕПЛОДНОСТА НЕ Е БАУК Да се зголеми бројот на ваучери за ин витро за прво дете и да се намалат скриените трошоци

Да се зголеми бројот на ваучери за ин витро за прво дете и поголем дел од терапијата што се користи да биде ставена на позитивна листа на лекови, се дел од барањата на Здружението „До бебе по патот на ИВФ“

88

Да се срушат сите табуа и стереотипи поврзани со процесот на ин витро и неплодноста, затоа што тоа не е срам и не треба никој да се срами од тоа. За сето тоа има решение, соодветно на самата здравствена состојба на пациентите, ова беа дел од пораките изнесени на денешната јавна расправа на тема: „Кон промени на законската регулатива за поголема поддршка на пациенти кои се соочуваат со неплодност“ што се одржа во Собранието.

Расправата се одржа по повод 28 Мај – Меѓународниот ден за акција за женското здравје, во организација на Клубот на пратенички на Собранието и во соработка со Здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување – До бебе по патот на ИВФ.






Учесниците на расправата истакнаа дека се уште темата е сензитивна, а законското решение е од 2008 година.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини