НЕПЛОДНОСТA И ИСХРАНАTA Вашата борба со стерилитетот треба да биде проследена и со соодветна храна
Хељдата е особено важна за женската плодност, богата е со протеини, но и со други есенцијални хранливи материи. Заедно со хељдата и жените и мажите треба да јадат повеќе непечени бадеми, лешници, ореви, полен, матичен млеч и зелен лиснат зеленчук. За жените се важни витамините Б5 и Б12, а за мажите, покрај витаминот Б12, важни се и витамините А, Е и Ц. Спанаќот, блитвата и брокулата содржат коензим Q10, кој е неопходен за подвижноста на спермата. И мажите и жените кои планираат потомство и се борат против стерилитет треба да внесуваат повеќе фолна киселина.
Се верува дека сите оние токсини кои не се обработуваат од црниот дроб кај мажите се таложат во простатата, а кај жените – во јајниците и во матката.
Затоа, кога ќе ја започнете борбата за потомство, заборавете на цигарите, алкохолот, кафето, како и храната третирана со вештачки ѓубрива, пестициди, антибиотици и адитиви.
Исто така, се советува да направите тест за нетолеранција на храна, и целосно да ги изоставите оние намирници на кои не сте толерантни.
Со внесување на таква храна во организмот, вие создавате повеќе штета на организмот отколку корист, бидејќи телото не е во состојба да ја преработи храната и ја трансформира во токсини.
Умерено консумирање кофеин значи дека не треба да пиете повеќе од 2-3 шолји црно кафе дневно.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.