НЕОПХОДНА Е ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ЗДРАВСТВОТО Азир Алиу е вистинскиот човек за тоа, тврдат од Вреди
Азир Алиу доаѓа со современ и неопходен пристап за времето во кое живееме. Негов приоритет како министер ќе биде целосна дигитализација на здравствениот систем, гарантирајќи транспарентност, ефикасност и лесен пристап за сите граѓани, соопшти Вреди.
Кандидатот за нов министер за здравство Азир Алиу е докажан професионалец и визионер во областа на технологијата и современата организација на здравствените услуги, соопшти Вреди, наведувајќи дека само тој може да ја изврши неопходната дигитализација на здравството.
„Азир Алиу доаѓа со современ и неопходен пристап за времето во кое живееме. Негов приоритет како министер ќе биде целосна дигитализација на здравствениот систем, гарантирајќи транспарентност, ефикасност и лесен пристап за сите граѓани. Сега е време за модерна, ефикасна и дигитализирана здравствена заштита, а со овој тим тоа ќе се постигне. Нагласуваме дека Алијансата за Албанците останува дел од Вреди, а нашата соработка е посилна, постабилна и појасна од кога било досега. Вреди се движи обединето кон заеднички цели: достоинствено претставување, вистински реформи и опипливи промени за граѓаните. Со оваа одлука, правиме конкретен чекор кон модерна здравствена заштита во служба на пациентот“, се вели во соопштението.