НЕОНАЦИСТ УАПСЕН ВО ФРАНЦИЈА Осомничен е дека планирал напади за претстојната Олимпијада

Осумнаесетгодишниот осомничен неонацист бил администратор на група на Телеграм наречена „француска ариевска дивизија“ каде упатувал закани за Олимпијадата во Париз од 26 јули до 11 август, рече изворот.

272

Екстремно десничарски екстремист е уапсен во Франција под сомнение дека подготвувал напади за време на Олимписките игри во Париз, кои ќе бидат отворени следната недела, изјави денеска извор од безбедносните сили, кој сакаше да остане анонимен.

Осумнаесетгодишниот осомничен неонацист бил администратор на група на Телеграм наречена „француска ариевска дивизија“ каде упатувал закани за Олимпијадата во Париз од 26 јули до 11 август, рече изворот.






Тој беше приведен во источниот регион Ба-Рајн, кој го опфаќа градот Стразбур, а беше испрашуван од антитерористичката полиција.

Француските безбедносни служби се во состојба на готовност пред Игрите во Париз кога се очекуваат околу 10 милиони посетители и 10.000 спортисти во француската престолнина.

Поврзани содржини