НЕОН ЖОЛТ ДУКС, ЦРВЕНО ПАЛТО, МЕТАЛИК БОЈА ПАНТАЛОНИ Новата колекција на „Фешн груп“ е спремна (ГАЛЕРИЈА)
„Во мојот моден свет“ е кампањата на овогодинешната колекција есен/зима на „Фешн груп“. Облеката што се носи ја покажува индивидуалноста на секоја личност а секој сам одлучува на кој начин ќе ја прикаже, велат од „Фешн груп“.
Секогаш поразлични и уникатни, групацијата „Фешн груп“ оваа година за промоција на новите колекции како модели ги одбра токму лицата во сенка, кои се двигатели на брендовите и на компанијата заедно со целиот тим.
Со неодоливи и уникатни фотографии тие ја претставија новата кампања насловена „Фешн груп: Во мојот моден свет“.
Во целосна организација на маркетинг тимот на групацијата, изборот на локациите за самиот едиторијал се олицетворение на урбаната страна на градот. Македонска пошта, Железничка станица и Кале, каде тимот на „Фешн груп“ ги сними најхрабрите и колоритни комбинации за оваа сезона.
– Оваа есен имате право да експериментирате и да го облечете вашиот омилен дуксер во неон жолта боја или можеби црвено палто кое ќе ве одвои од толпата, а за оние најхрабрите неизбежни се панталоните во златна металик боја – е пораката што ја испраќаат од групаијата.
Позади секое „парче“ во едиторијалот се крие приказната „Во мојот моден свет“, a мотото на тимот на компанијата е дека токму гардеробата која секојдневно ја носиме ја прикажува нашата индивидуалност но ние сме тие кои ја даваме нејзината вредност.
– Есента со себе секогаш ги носи најурбаните слоевити комбинации па затоа овој пат заборавете на здодевните монохроматски парчиња и осврнете се на сите ултра модерни парчиња од нашите колекции есен-зима 2022 „Фешн Груп“ е една од најголемите регионални компании чие портфолио вклучува некои од најголемите светски реномирани брендови како Boss, Hugo, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Levis, Okaidi, Superdry, Timberland, Replay и други – велат од менаџментот.
Целта од почетокот, па сè до денес е да им се овозможи на клиентите да го изградат личниот стил и да експериментираат со него, одбирајќи ги парчињата на светските брендови.
– Ние сме „Фешн груп“, слоганот кој беше појдовна точна и „работен фајл“ кој го претворивме во урбниот концепт „Во мојот моден свет“ кој нѐ прикажува сите нас, луѓето кои се дел од групацијата која постои на нашиот пазар речиси две децении. Сите индивидуалци кои ја сочинуваат групацијата, нескромно ќе речеме, дека се креативци кои носат посебна инспиративна приказна со себе – велат од менаџментот на групацијата.
Тимот на „Фешн груп“ во улога на модели за новата колекција е идеја која чекала во фиоките на групацијата уште од минатата сезона, но овојпат кога е потребна навистина голема мотивација за целосно да се вратиме во живот по пандемијата и да почнеме нов почеток, го доживеа светлото на денот.
Маркетинг тимот на „Фешн груп“ секогаш поаѓа од новите трендови но без исклучок секогаш се труди да се осврне на темелот на самата групација и она што произлегува како резултат на неуморното долгогодишно работење и креативноста која ја има секој поединец кој е инволвиран во било кој сегмент од работењето, а нивниот прогрес во работата и посветеност се дополнителен мотив за сите млади и амбициозни луѓе кои се дел од групацијата.
– Заслугата за оваа кампања ја препишувам на сите оние кои зазедоа учество на било кој начин, јас секогаш се водам од она победата е послатка во тим. Само тој успех е оној вистинскиот. Тоа и е всушност темелот и на оваа кампања. Секоја нова сезона е за нас нов предизвик, а оваа сакавме да ја раскажеме нашата приказна во модниот свет на „Фешн груп“. Новите колекции пак совршено ја отсликаа онаа индивидуалност која секој од нас ја поседува – наведуваат од „Фешн груп“.
Ова е уште еден начин компанијата да им оддаде почит на своите вработени, сосема заслужни за нејзиниот успех, ставајќи на пиедестал дел од уникатните таленти кои ја претставуваат заедницата „Фешн груп“.
„Фешн груп“ изрази голема благодарност до целиот тим во кампањата:
Александар Трпушевски, специјалист за корисничка поддршка
Анастасија Стојановска, асистент во продажба во Geox
Андреј Милуновиќ, асистент во продажба во Dan John
Бајрам Сејфула, асистент во продажба во SuperDry
Габриела Момировска, бренд менаџер на Women’secret
Ѓурѓица Павловска, бренд менаџер на HUGO
Глигорије Глигоров, асистент во продажба во Fashion&Friends
Јовица Даскаловски, Вижуал Мерчендајзер во Mango
Кристина Момировска, асистент во продажба во Parfois
Михаела Богоеска, Вижуал Мерчендајзер во Guess
Моника Младеновска, асистент во продажба во BOSS
Симона Спасовска, асистент во продажба во Replay
Али Аручи, асистент store menager во Guess
Алмир Ибраим, вижуал мерчендајзер во Fashion&Friends
Аполонија Антиќ, супервизор
Виолета Мешковска, асистент во продажба во Okaidi
Даниела Ѓуровска, маркетинг менаџер
Зоран Костадиновски, бренд менаџер на Aristoteli Bitsiani
Наде Андова, асистент во продажба во Levi’s
Јелена Вујошевиќ, бренд менаџер на Kiko Milano
Теодора Јаневска, бренд менаџер на Springfield