НЕОЧЕКУВАНА ПОСЕТА ВО РИМ Папата Франциск во визита на украинските деца
Децата заболени од рак, невролошки и други болести, но и повредените во нападите, на почетокот на војната во Украина беа донесени на лекување во Италија.
Папата Франциск денес ненајавенo ги посети децата бегалци од Украина кои се лекуваат во детската болница во Рим.
Децата заболени од рак, невролошки и други болести, но и повредените во нападите, на почетокот на војната во Украина беа донесени на лекување во Италија.
Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, рече, според Католичката новинска агенција, дека некои од хоспитализираните деца биле повредени во нападите.
Папата Франциск застанал во секоја болничка соба во која беа украинските деца. Досега во болницата се примени 50 деца, но денеска само 19 се хоспитализирани.
На почетокот на оваа недела, папата Франциско се помоли за сите деца кои живеат под бомбите, кои ја гледаат оваа страшна војна, кои немаат храна, кои мораат да бегаат оставајќи ги своите домови.