📽️ НЕОЧЕКУВАН НАТПРЕВАРУВАЧ НА СПУСТОТ Куче ги мина капиите како вистински скијач

Виралната снимка од 2022 година повторно се споделува во екот на Зимските олимписки игри.

177

Додека светот ги следи возбудувањата на Зимските олимписки игри, на социјалните мрежи повторно стана вирално едно необично видео од скијачките терени. Куче кое влегува на патеката и „се натпреварува“ со скијачите.

Снимката прикажува куче кое трча по целата должина на спуст-патеката, поминувајќи ги капиите како вистински натпреварувач, додека редарите безуспешно се обидуваат да го тргнат од трасата. Публиката реагира со смеа и аплауз, а трката накратко е прекината.






Иако во последните денови видеото се споделува со опис „Куче се подготвува за настап на Зимските олимписки игри“, настанот не е од актуелната Олимпијада. Станува збор за реален инцидент од 2022 година, за време на трка од Светскиот куп во алпско скијање во Бормио, Италија.

Кучето тогаш успеало да ја истрча речиси целата патека пред да биде отстрането, предизвикувајќи насмевки кај гледачите и натпреварувачите. Дури и режисерите на видео-преносот го следат неговото движење како вистински настап на натпреварувач. Видеото повторно стана хит во олимпискиот период, како симбол на непредвидливоста што ја носат спортските настани на отворено.

Во духот на олимписките игри, многумина на социјалните мрежи се пошегуваа дека „има нов дисциплина – кучешки спуст“, а други го нарекоа четириножниот „најбрзиот неслужбен учесник“.

Иако не станува збор за олимписки момент, видеото уште еднаш покажува дека спортот знае да понуди и неочекувани, но симпатични сцени кои остануваат запаметени.

 

Поврзани содржини