🎥 НЕОБИЧНА ГОСТИНКА ГИ ИЗНЕНАДИ ЖИТЕЛИТЕ НА ЛАЗАРОПОЛЕ Мечка си се шета меѓу куќите и си се гости со овошки
Според описот на видеото што го објави Борис Гиноски и кое брзо се рашири на социјалните мрежи, животното дури и „се почестило“ со неколку овошки од дворовите.
Во селото Лазарополе, жителите имаа необична „гостинка“. Мечка се појавила во самото место и, без да создаде паника или штета, мирно се прошетала низ куќите.
Според описот на видеото што го објави Борис Гиноски и кое брзо се рашири на социјалните мрежи, животното дури и „се почестило“ со неколку овошки од дворовите.
Снимката веднаш предизвика коментари и реакции. Дел од мештаните велат дека вакви појави не се реткост во мијачкиот крај, но сепак потсетуваат дека мечките се диви животни и можат да бидат опасни ако се почувствуваат загрозени.
Во продолжение, погледнете го видеото: