НЕОБИЧЕН ЗЕЛЕН МИНЕРАЛ ПРОНАЈДЕН НА МАРС Оливинот го има и во земјината кора (ФОТО)

Оливин е магнезиумов железен силикат кој го сочинува најголемиот дел од земјината кора. Има зеленикава боја, познат на Земјата како причина за зелениот песок на плажата Папаколеа на Хаваите. Минералите како оливинот најчесто се наоѓаат во зацврстени парчиња вулканска карпа..

449

Зелен примерок од минералот оливин, кој е необично да се најде на планетата е третиот по ред примерок кој роверот „Истрајност“ го најде на Црвената планета, пишува ИФЛ Наука. Гледајќи во карпа, роверот изгребал мал дел за да погледне нешто што никој досега не го видел.

 






„Уште едно мало парче Марс што треба да го носам со мене“, пишува на социјалните мрежи. „Мојот најнов примерок е од карпа натоварена со зеленикавиот минерал оливин и има неколку идеи меѓу мојот научен тим за тоа како (тој) стигнал тука. Хипотезите се во налет! Науката е закон“.

Внатрешноста на карпите на Марс содржи индиции дека постоел живот на планетата и дека не сме сами во универзумот. Оливин е магнезиумов железен силикат кој го сочинува најголемиот дел од земјината кора. Има зеленикава боја, познат на Земјата како причина за зелениот песок на плажата Папаколеа на Хаваите. Минералите како оливинот најчесто се наоѓаат во зацврстени парчиња вулканска карпа.

Кратерот Језеро, каде што првпат слета роверот, всушност бил избран затоа што некогаш бил античко езерско корито, дел од огромна речна делта каде што се собирале минерали како оливини и карбонати и органски молекули. НАСА ја истражува корелацијата помеѓу оливинот и карбонатите, кои обично се формираат кога јаглеродниот диоксид се меша со течна вода. Бидејќи Марс немал тектонски поместувања како оние на Земјата, геолошките формации кои се формирале пред милијарди години не се многу променети денес, нудејќи ни фасцинантен увид во историјата на планетата и потенцијалната населивост на Марс.

Поврзани содржини