НЕОБИЧЕН ОБЛИК НА КОВИД-19 ЗАБЕЛЕЖАН ВО ТУРЦИЈА Лекарите дијагностицирале рак на бели дробови, но ракот „магично“ исчезнал
На пациентот најпрво му бил дијагностициран рак на белите дробови, но непосредно пред операцијата за отстранување на туморот, тој бил позитивен на ковид-19. По оздравувањето од вирусот и на големо изненадување на лекарите, немало траги од малигнитет.
Средовечен маж од Турција се заразил со коронавирусот, но необично е тоа што пациентот имал симптоми кои се многу слични на симптомите на рак на белите дробови, објавија турските медиуми, цитирајќи ги лекарите од болницата каде што бил хоспитализиран 52-годишниот пациент.
На пациентот најпрво му бил дијагностициран рак на белите дробови, но непосредно пред операцијата за отстранување на туморот, тој бил позитивен на ковид-19. По оздравувањето од вирусот и на големо изненадување на лекарите, немало траги од малигнитет.
Докторката Фатос Козанли, која го следела овој пациент, изјавила дека пациентот би можел да биде прв во светот заразен со таков облик на вирусот. Тој имал болки во градите кога бил хоспитализиран, кога било констатирано дека има тумор на десното белодробно крило. По прегледот му бил дијагностициран рак и му била закажана операција, која сепак била одложена кога тој добил позитивен резултат на тестот за ковид-19.
Козанли, која се подготвувала да го оперира човекот, ги направила последните снимки откако тестот на пациентот за ковид бил негативен. Тогаш дознала дека пациентот воопшто нема тумор.
– Неговите симптоми беа многу, многу слични на рак на бели дробови. Но, последното снимање пред операцијата покажа дека ракот исчезнал. Бевме изненадени, бидејќи туморот не може да исчезне сам од себе. Нашите наоди покажаа дека коронавирусот во целост се манифестираше како ракот на бели дробови – изјавила Козанли.
Таа забележала дека иако пациентот го имал вирусот, тој сепак ги немал симптомите кои вообичаено се поврзуваат со болеста: кашлица, висока температура, губење на сетилото за вкус и за мирис…
– Пациентот имаше голема болка во градите, која првично би можела да с еповрзе со рак на бели дробови – изјавича Козанли за новинската агенција ДХА.