НЕОБЈАВЕНИ ПЕСНИ НА БАЛАШЕВИЌ СЕ ПОЈАВИЈА НА ЈУТЈУБ „Седум дена“ и „Баладата на лебедот и гавранот“ ги освоија фановите (ВИДЕО)

Се работи за детски песни со карактеристичен текст, а и двете траат нешто повеќе од минута. Обожавателите на Балашевиќ во коментарите под песната „Седум дена“ пишуваат дека Балашевиќ ја извел во детската емисија „Полетарац“, во која тој учествувал кон крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите години од минатиот век. 

647

На официјалниот јутјуб-канал на Ѓорѓе Балашевиќ се појавија две песни кои повеќето обожаватели веројатно никогаш не ги слушнале. Балашевиќ никогаш не ги објавил песните „Седум дена“ и „Баладата на лебедот и гавранот“ ниту со нив настапувал на концерти, а неговите обожаватели ширум светот би можеле да бидат воодушевени од необјавените материјали, пишува Индекс.






Се работи за детски песни со карактеристичен текст, а и двете траат нешто повеќе од минута. Обожавателите на Балашевиќ во коментарите под песната „Седум дена“ пишуваат дека Балашевиќ ја извел во детската емисија „Полетарац“, во која тој учествувал кон крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите години од минатиот век.

 

Поврзани содржини