НЕНО СИ ЗАМИНУВА ОД РУСИЈА По две години во Уникс, Димитријевиќ се сели во „градот на модата“

Во претходните две сезони Димитријевиќ беше најдобар играч на клубот и во ВТБ лигата. Тој одигра вкупно 50 натпревари во ВТБ лигата со просек од 18,6 поени, 3,6 скока и 1,2 украдени топки на 30 минути игра.

685

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ по две години го напушти УНИКС, соопштија од рускиот клуб.

По две сезони во редовите на Уникс каде се афирмира како лидер, а донесе и титула во ВТБ-лигата, Димитријевиќ тргнува во нов предизвик. 26-годишниот плејмејкер имаше фантастични бројки, но не ја продолжи соработката со рускиот клуб.






Во последната сезона од ВТБ-лигата, Македонецот одигра 50 натпревари во кои имаше статистика од 18,6 поени, 6,9 асистенции, 3,6 скока и 1,2 украдени топки по натпревар, за 30 минути во просек на паркетот. Беше МВП на регуларниот дел од сезоната, девет пати беше во идеалната петорка, а исто и во четвртфиналната и полуфиналната серија.

Како следна станица на Ненад Димитријевиќ се споменува „градот на модата“ каде се очекува да го облече дресот на Олимпија Милано и за првпат во кариерата да биде дел од Евролигата. Скопјанецот кој во минатото во повеќе наврати се поврзуваше и со Партизан, во кариерата играше за шпанските екипи Валенсија и Хувентуд.

Поврзани содржини