Ненадејно угина жирафата Тобого во скопската Зоолошка

774

„Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно не напушти нашиот Тобого. Денеска беше направена обдукција при што не беа констатирани физички повреди и во наредните денови ги очекуваме целосните резултати“, соопштија вечерва од Зоолошката градина Скопје.

Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите.






Роден е во Франкфурт на 09.12 2010 година, а жител на Скопје ЗOO беше од 05.11 2013 година.

„Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување. Трчај во небесната савана Тобого, многу ќе ни недостасуваш на сите, но ќе останеш засекогаш запаметен“, напиша Зоолошката градина Скопје на профилот на Фејсбук.

Поврзани содржини