Ненадејно почина српскиот актер Горан Даничиќ

745

Вчера во Белград на 58-годишна возраст ненадејно почина српскиот глумец Горан Даничиќ. Тажната вест ја објавија од Југословенскиот драмски театар, од каде беше соопштено дека по барање на семејството, тој бил погребан денеска во кругот на најблиските.

Даничиќ глумеше во неколку познати филмови и серии. Во познатите филмови во кои има играно се: „Ивкова слава“, „Ние не сме анѓели“, „Кога ќе пораснам ќе бидам кенгур“, „Ни на небо ни на земја“, „Среќни луѓе“, „Гревот на нејзината мајка“, „Небеска јадица“, „Заборавени“.






Даничиќ бил член на Југословенскиот драмски театар од 1993 година, а три години претходно дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности.

Поврзани содржини