НЕНАДЕЈНО ПОЧИНА МЕТЈУ ПЕРИ Ѕвездата на „Пријатели“ пронајден мртов во својот дом

372

Ѕвездата на „Пријатели“ Метју Пери почина во саботата на 54-годишна возраст.

Екипа на брзата помош го пронашла Пери во несвест во када со топла вода во неговиот дом во Лос Анџелес. Обидите за реанимација биле неуспешни. Во куќата на актерот била повикана службата за итна помош. Засега постои сомневање дека актерот починал од застој на работата на срцето, пишуваат некои странски медиуми.






Според „Лос Анџелес Тајмс“, кој прв ја објави приказната, Пери очигледно се удавил во својата када.

Полицијата во 16 часот по локално време пристигнала во домот на актерот и го пронашла телото на актерот. Нема индиции дека се работи за насилна смрт, истрагата е во тек, а сè уште нема официјално соопштение за причините за смртта.

Пери беше најпознат по неговата долгогодишна улога на Чендлер Бинг во мега популарната ТВ серија „Пријатели“, која се емитуваше 10 сезони на „Ен-би-си“ (NBC) од 1994 до 2004 година.

Поврзани содржини