Ненадејно почина Ќамил Селими, поранешен фудбалер на Влазерими

Погребот ќе се изврши денеска во 15 часот на гробиштата во село Лшница кичевско. 

487

Ненадејно почина Ќамил Селими поранешен фудбалер на Влазерими. За неговата птерана смрт известија од ФК Влазерими од Кичево кои со соопштение се обратија до спортската јавност.

„Со длабоко жалење и неверување ја прифативме веста за смртта на 52-годишна возраст, на поранешниот фудбалер на Велазерими од Кичево, Ќaмил Селими. Ќамил ги бранеше боите на нашиот тим во текот на деведесеттите години, кога истовремено беше време да се постават темелите на фудбалски клуб со сериозни организациски и натпреварувачки перформанси. Ја користиме оваа можност да му изразиме искрено сочувство на семејството во име на секој член и поддржувач на Влазерими, со убедување дека Ќамил секогаш ќе остане во колективната меморија на нашиот клуб. Почивај во мир“, се вели во соопштението на ФК Влазерими од Кичево.






Погребот ќе се изврши денеска во 15 часот на гробиштата во село Лшница, Кичевско.

Поврзани содржини