НЕНАДЕЈНО ПОЧИНА 35-ГОДИШЕН МАНЕКЕН Неговото тело пронајдено пред зграда
Американскиот модел и инфлуенсер Џеф Томас почина на 35-годишна возраст, пренесува ТМЗ.
Американскиот модел и инфлуенсер Џеф Томас почина на 35-годишна возраст, пренесува ТМЗ.
Неговото тело е пронајдено пред станбен комплекс во Мајами. Причината за смртта се уште не е потврдена, а во тек е обдукцијата.
Полициските претставници соопштиле дека добиле повик на 8 март дека телото на Томас е пронајдено откако тој наводно скокнал од балконот на неговиот стан во Мајами.
View this post on Instagram
Томас работел за агенцијата АМСК Моделс од Лондон, а на Инстаграм го следеле повеќе од 120.000 следбеници. Странските медиуми пишуваат дека поради својот физички изглед Џеф бил „совршен кандидат за рекламирање на долна облека“.
На социјалните мрежи често објавувал агенциски фотографии, но и фотографии од приватниот живот и од теретана. Со своите објави се обидувал да ги поттикне следбениците да се грижат за своето здравје. Исто така, Џеф посетувал часови затоа што сакал да стане техничар за итна служба.
View this post on Instagram
На социјалните мрежи од инфлуенсерот се простуваат неговите бројни пријатели.
„Мој драг Џеф. Правевме планови, се шегувавме, сонувавме да патуваме заедно во Европа. Тешко е да се разбере дека повеќе те нема. Настана огромна празнина. Те сакавме и ти посакувавме се најдобро, исто како што ти ни посакуваше на сите нам. Ќе ни недостигаш, твојата насмевка, твојот танц…“, е еден од коментарите на Инстаграм.