НЕМОЌНА БИЛА ДА ПРУЖИ ОТПОР Ја силувале повеќе пати во еден ден
Злоупотребувајќи ја немоќта на оштетената, која била неспособна за отпор, осомничените во периодот од 10 до 16 часот на критичниот ден, на повеќе локации вршеле полови дејствија со неа.
Двајца мажи силувале тинејџерка која била немоќна да пружи отпор, поради што судот им одреди притвор во траење од 30 дена. Едниот осомничен е во бегство, а другиот веќе е лишен од слобода.
Основното јавно обвинителство Тетово соопшти дека оштетената 15-годишна девојка преку социјална мрежа се запознала со едниот осомничен, 18-годишен жител на селото Рашче, општина Сарај и се договориле да се сретнат во Тетово. На закажаната средба на 29 јануари, 18-годишникот пристигнал заедно со вториот осомничен, 54-годишен жител на Арачиново.
Злоупотребувајќи ја немоќта на оштетената, која била неспособна за отпор, осомничените во периодот од 10 до 16 часот на критичниот ден, на повеќе локации вршеле полови дејствија со неа.
Осомничениот 54-годишник е лишен од слобода, додека по другиот осомничен се трага.
Јавниот обвинител, по донесената наредба за истрага, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Судијата го прифати предлогот и за двајцата осомничени определи притвор во траење од 30 дена, со тоа што за осомничениот кој што е во бегство мерката ќе започне да се применува од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода.
ОЈО Тетово поведе постапка против две лица кои се осомничени дека сториле по едно кривично дело – Обљуба врз немоќно лице согласно член 187 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.