ДРОГА И ОРУЖЈЕ ВО БМВ – На 24.06.2020 во Гостивар, полициски службеници запреле патничко возило „бмв“, сопственост на Е.В., а при преглед на возилото бил пронајден пиштол „застава М57“ калибар 7,62×25 мм со рамка и осум куршуми и ќеса со остатоци од кокаин. Истовремено, извршен бил и преглед во патничко возило „мазда“, во кое се превезувал О.Р., при што бил пронајден и одземен кокаин.
НАПАД СО НОЖ – На 27.01.2021 околу 04.00 часот на улица „151“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода З.А.(55) од Гостивар, кој половина час претходно во казино на ул.„Борче Јовановски“ во Гостивар со остар предмет го нападнал С.А.(33) од гостиварско Дебреше. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
МУ ГО УКРАЛА ПАРИЧНИКОТ НА СОПАТНИКОТ – На 26.01.2021 околу 23.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар од слобода ја лишиле С.Р.(30) од Скопје, затоа што на ул.„Мара Угринова“, додека се превезувала во возило со И.Н.(45) од Гостивар, му одзела паричник со пари. Таа била задржана во Полициската станица Гостивар, а парите му биле вратени на С.Н.. Се расчистува случајот и против С.Р. ќе следува поднесок.
ИСТЕПАН ВО КИСЕЛА ВОДА – На 26.01.2021 во 01.00 часот во СВР Скопје, Б.С.(26) од Скопје пријавил дека на 25.01.2021 околу 23.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил физички нападнат од Г.Р. од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
ТЕПАЧКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – На 26.01.2021 во 10.30 часот во СВР Скопје, Р.Т.(79) од Скопје пријавил дека на 23.01.2021 околу 15.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од Т.Р. и С.Р.. Сочинети записници за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
НАПАДНАТ ВО ГАЗИ БАБА – На 26.01.2021 во 00.30 часот во СВР Скопје, М.А.(33) од Скопје пријавила дека на 25.01.2021 околу 20.00 часот на подрачјето на Гази Баба нејзиниот син бил физички нападнат од Ј.А. од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
ДАВАЈ ПАРИТЕ – На 26.01.2021 во 17.42 часот во СВР Скопје, А.В.(19) од Скопје пријавил дека во парк на ул.„23 Октомври“ едно лице со закана му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ОГРАБЕН ДИСТРИБУТЕР – На 26.01.2021 во 23.27 часот во СВР Скопје, Ж.Ц.(37) од Скопје, вработен како доставувач на производи, пријавил дека на местото викано „Теферич“ неколку лица физички го нападнале и му одзеле производи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
КУЧЕТО КАСА – На 26.01.2021 во 19.20 часот во Полициската станица Аеродром, Ф.Ј.(25) од Гевгелија пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.
КРИВИЧНА ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда”. На 31.12.2020 во Македонска Каменица, пријавените физички го нападнале В.Ѓ. и му нанеле тешки телесни повреди.
ФАТЕН СО МАРИХУАНА – ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Н.Г.(18) од с.Вруток, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“. На 29.02.2020 во Гостивар, полициски службеници го забележале пријавениот како фрла ќеса со марихуана и се обидел да избега. Тој бил спречен и лишен од слобода, а дрогата била пронајдена и одземена.
ФАЛСИФИКУВАЛ ПАРИ – СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ф.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 26.11.2020 во казино во Скопје, М.Ф. пуштила во оптек две фалсификувани банкноти во апоени од 500 евра, со намера да ги размени за денари.
ИЗВАДОК ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ЗА 27.01.2021 ГОДИНА