НЕМАТЕ ПРАВО ДА СЕ ОДНЕСУВАТЕ КАКО ДА ПОСТОИТЕ САМO ВИЕ! Звукот од петарди предизвикува трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот
Оваа година немам ниту време ниту желба да анализирам од кои причини и кои незадоволства се лечат со пукање петарди, но нема да престанам да зборувам на оваа тема: Немате право да се однесувате како само вие да постоите на ова парче земја. ПРЕСТАНЕТЕ СО ПЕТАРДИТЕ!!!, порачува мајка на дете со аутизам
„Кај мене надежта никогаш не умира, ќе си пишувам, ќе си зборувам и ќе освестувам, бидејќи кој сака може да научи нешто плус за оваа состојба. Престанете со ПЕТАРДИТЕ. Тие им пречат најмногу на децата и лицата со аутистичен спектар. Оваа година немам ниту време ниту желба да анализирам од кои причини и кои незадоволства се лечат со пукање петарди, но нема да престанам да зборувам на оваа тема: Немате право да се однесувате како само вие да постоите на ова парче земја. ПРЕСТАНЕТЕ СО ПЕТАРДИТЕ !!!“, порачува мајка на дете со аутизам.
Ирена Николовска Ристановска, која е мајка на дете со аутизам во свое и во име на сите родители на деца со аутизам и други нарушувања, предупредува дека овој празничен период на лицата со аутизам им носи дополнителни трауми. Како последица од пукањето на петардите, тие целосно се вознемируваат, а оваа состојба знае да трае со часови.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.