НЕМАШЕ НАМЕРА ДА СЕ ПРИКРИЕ Бубевски тврди дека збрката настанала поради лоша медицинска проценка

Сè уште се трага по човекот кој го започнал сето тоа. Тој прв го удрил ракометарот, кој не се ни бранел, а подоцна другите двајца го удирале со нозе во главата, рекол Бубевски за РТЛ.

3,012

Мислам дека воопшто немаше намера да се прикрие. Само сплет на околности. Мислам дека тоа беше лоша медицинска проценка и стојам на тоа, изјавил обвинителот Гаврил Бубевски за хрватската телевизија РТЛ во врска со збрката од информации која настана по убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот во Скопје. 

– Моите најнови информации велат дека сè уште се трага по човекот кој го започнал сето тоа. Тој прв го удрил ракометарот, кој не се ни бранел, а подоцна другите двајца го удирале со нозе во главата. Еден сѐ уште е во бегство – изјавил главниот скопски обвинител Гаврил Бубевски за РТЛ.

Поврзани содржини