НЕМАРНИОТ МИХАЉEВИЌ ГО ИЗГУБИ МЕДАЛОТ Вработен на Луфтханза го најде и му го врати

Михаљевиќ стана првиот во историја хрватски атлетичар во машка конкуренција, кој освоил златен медал на Европско првенство.

272

Европскиот првак во фрлање ѓуле, Хрватот , го доби назад својот златен медал од Европското првенство во Минхен, кој го пријави за изгубен по враќањето дома од Германија, јавија денеска хрватските медиуми.

Полицијата на аеродромот во Минхен соопшти дека вработен во германскиот авиопревозник Луфтханза го пронашол медалот кој му е вратен на Михаљевиќ.






Михаљевиќ стана првиот во историја хрватски атлетичар во машка конкуренција, кој освоил златен медал на Европско првенство.

До златното одличје Михаљевиќ дојде со должина од 21.88 метри.

Поврзани содржини