НЕМАМЕ ЗАКОН ЗА ЗАБРАНЕТИ ИМИЊА, А ТРЕБА ДА ИМАМЕ Отворањето на КЦ „Ванчо Михајлов“ беше голема провокација

Самото отворање на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ беше една голема провокација, изјави поранешниот амбасадор Мухамед Халили.

1,238

Ние немаме закон за забранети имиња, а треба да го имаме. Секоја држава има таков закон, вели поранешниот амбасадор Мухамед Халили во гостување во емисијата „Клик плус“, зборувајќи за новоотворениот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.

– Важен е ликот на Ванчо Михајлов, но ние немаме закон за забранети имиња. Секоја држава има таков закон, а ние немаме. Самото отворање на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ беше една голема провокација – изјави Халили.






Тој додава дека среќа е што нашите институции не потпаднале под тие провокации.

– Да беше подруга реакцијата, ќе беше алиби на Бугарите дека Македонија не се интересира за малцинските права на Бугарите и не им дава на нив простор да се докажат. Бугарија проблемот го започна со еден друг метод, а тоа е да го негира постоењето на македонскиот јазик и нација – рече Халили.

Поврзани содржини