НЕМАМЕ ШТО ДА КРИЕМЕ! Жан Митрев даде изјава, Клиниката целосно соработува

Знаејќи ја вистината и водејќи се според високите стандарди на работа ќе помогнеме за откривање на фактичката состојба и ги ставаме на располагање сите наши материјални и човечки капацитети за да излезе вистината во јавноста, велат од Клиниката „Жан Митрев“.

4,392

Клиниката Жан Митрев целосно соработува со институциите затоа што нема што да крие, велат од Клиниката.

„Во врска со денеска објавените информации би сакале да информираме дека денеска д-р Жан Митрев по уредна покана на ОЈО беше таму и даде своја изјава. За понатамошниот развој ќе ве информираме соодветно“, се наведува во соопштението од Клиниката „Жан Митрев“.

Оттаму додаваат дека и сега и понатаму целосно ќе соработуваат со институциите за кој и да било случај.

„Ние како Клиника досега, а и понатаму работиме целосно транспарентно и во интерес на пациентите. Овој однос не е само кон надлежните институции и тела во државата, туку е и кон нашите пациенти. Знаејќи ја вистината и водејќи се според високите стандарди на работа ќе помогнеме за откривање на фактичката состојба и ги ставаме на располагање сите наши материјални и човечки капацитети за да излезе вистината во јавноста. Искрено веруваме дека само со транспарентен однос и отворена соработка можеме да ѝ служиме на вистината и на етичките и моралните вредности според кои работиме“, се додава во соопштението од „Жан Митрев“.

Д-р Митрев денеска беше повикан на распит во Обвинителеството по допрен глас.

Поврзани содржини