НЕМАМЕ РАЗВОЕН БУЏЕТ, ТУКУ ИНФЛАЦИСКИ Според Димитриеска Кочоска најмногу што загрижува е даночната реформа

Димитриеска Кочоска потенцираше дека буџетскиот дефицит е 40,6 проценти, додека ставката разни трансфери сега е како никогаш претходно највисока со рекордни 970 милиони евра, укажувајќи дека сите показатели покажуваат дека буџетот кој што го предлага власта е всушност инфлациски, а не развоен.

87

Не зборуваме за развоен буџет, туку за инфлациски буџет, вели потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска во вечерашното гостување во емисијата Отворено на телевизија 24 за предлог Буџетот на владата за 2023 година и додаде дека инфлацијата во државата е веќе 20 проценти односно највисока во Европа.

– Инфлацијата знаеме колкава е, една од највисоките во Европа, до 20 проценти веќе стигна, и како резултат на тоа ќе имаме пораст на пензиите. Но, во исто време ако ги погледнеме даноците значи во буџетот за 2023 година 352 милиони евра имаме повеќе планирани приходи од даноци, 154 милиони евра од придонеси, односно најголем дел од нив заради услогласување на минималната плата. Како и да ги гледаме податоците зборуваме за инфлација, не зборуваме за некаков развоен буџет, и она што најмногу загрижува и најмногу боли тоа е даночната реформа – рече Димитриеска Кочоска.






Според нејзе состојбата во македонската економија е застршувачка бидејќи се ќе падне на терет на граѓаните, укажувајќи дека со владината помош преку мерката П1 ќе дојде повторно до трансфер до ЕСМ, што значи дека власта не го решила проблемот со енергетската криза бидејќи цената на струјата ќе продолжи да расте.

– Состојбата за мене е застрашувачка бидејќи повторно сето ова ќе падне на теретот на граѓаните. Е сега од една страна зборуваме за 250 милиони евра кои што ќе се дадат како мерки помош преку програмата П1 што ја имаат преку владата, најголем дел ќе оди од овие исплати впрочем 99,9 проценти ќе одат како исплати преку влада, што на мене ми покажува дека повторно ќе имаме трансфери до ЕСМ и повторно укажува на тоа дека ние не го решивме проблемот со енергетската криза. И сега се сплеткуваме повторно во оној проблем цената на електричната енергија ќе расте, фирмите ќе се соочуваат со проблеми, се поголеми ќе бидат трошоците, останува се помалку пари на располагање, продуктивноста им паѓа итн. Значи една состојба која што навистина е застрашувачка – смета таа.

Димитриеска Кочоска потенцираше дека буџетскиот дефицит е 40,6 проценти, додека ставката разни трансфери сега е како никогаш претходно највисока со рекордни 970 милиони евра, укажувајќи дека сите показатели покажуваат дека буџетот кој што го предлага власта е всушност инфлациски, а не развоен.

– Точно 40,6 проценти е буџетскиот дефицит, историски максимум на разни трансфери, 970 милиони евра рекордни, 2016та година таа ставка беше околу 460 милиони евра. Зборувам за разни трансфери онаа секојпат сомнителната, недокажаната, затскриената ставка разни трансфери. Значи 970 милиони евра, никогаш повисока. Усогласуваме плати согласно стапката на инфлација, имаме зголемување на ДДВ-то, значи како и да е сите податоци укажуваат на тоа дека нашиот буџет е инфлациски, а не развоен, децидна е Димитриеска Кочоска.

Во однос на изјавите на заменик министерот дека владата ги покачила платите за 5, 20 проценти во зависност од институциите, Димитриеска Кочоска порача дека просечната инфлација е 13,2 проценти, додека пак инфлацијата само за октомври е 19,76 проценти што значи дека покачувањето со кое помпезно се фалат ја изгубило вредноста.

– Заменик министерот спомнува 5 проценти, 10 проценти, 7 проценти покачување на плати во различни институции. Значи просечната инфлација е 13,2 проценти заклучно со октомври, а 19,76 проценти е само во октомври. Што значи дека 13 проценти е многу повеќе од тие покачува на 5, 10, 7 проценти на платите, а тоа значи дека тоа што го добиле како покачување изгубило вредност – нагласи таа.

Данок на личен доход, 63 милиони евра ќе наплатат повеќе во однос на минатата година и тоа е резултат на прогресивното оданочување. И сега се поставува прашањето како фирмите ќе го прифатат овој товар? Ако го гледаме од аспект на концептот на бруто плата, ова е товар за работниците затоа што согласно концептот на бруто плата ќе страдаат работниците, а ако го гледаме дека во најголем дел кај фирмите не се почитува тој концепт на бруто плата ќе падне товарот на компаниите. Значи како и да е, и едните и другите ќе го платат, вели Гордана Димитриеска Кочоска.

– Сега да видиме дали се бориме со сивата економија или не се бориме и каква е ситуацијата таму? Сега зборувам за ДДВ-тоа колку растел во однос на претходна година, во 2021 година во однос на 2022 година 184 милиони евра, 2022 година во однос на 2021 година 167 милиони евра, и следната односно 2023 во односно на 2022 година 164 милиони евра. Тука има два моменти, првиот е фактот дека инфлацијата кај нас почнува уште многу одамна, и тоа ние го зборуваме уште во 2021 година кога почна првото поскапување на електричната енергија, а вториот момент покажува дека ние тука немаме никаква борба со сива економија. Кој плаќал до сега ќе плаќа и понатаму со повисоки даноци, а кој не плаќал никому ништо – кажа Димитриеска Кочовска, и додаде дека даночната реформа која ја спроведува владата е катастрофална.

– За пет години три министри за финансии се сменија, нешто кое што не се случило никогаш претходно. Така што во тој аспект можам да кажам дека даночната реформа е катастрофа, а борба со сива економија нема – изјави Димтриеска Кочоска.

Димитиреска Кочоска потенцираше дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за само 9 месеци успеале да ги зголемат сопствените приходи за 61 процент и тоа без да промени било каква даночна стапка.

– Само за споредба, ние викендот имавме политички саем каде што по пресметките кои што ги направивме, нашите градоначалници успеале за 9 месеци да ги зголемат сопствените приходи за 61 процент, притоа не променувајќи ниту една даночна стапка. И што покажува тоа? Тоа покажува ако сакате и се изборите со неплаќачите да плаќаат, има простор буџетот да се полни. Е овде проблемот е тоа, не сакаме да ги чепкаме одредени места, региони, компании и ајде товари на овие се што плаќаат и со тоа товарење и на граѓаните кои исто така плаќаат на време – смета таа.

Поврзани содржини