НЕМАМЕ ПОБЛИСКИ БРАЌА ОД МАКЕДОНЦИТЕ Српскиот патријарх тврди дека самиот Господ замешал прсти во помирувањето со МПЦ-ОА

Со молитвите и со жртвата што ја принесе архиепископот Јован од Православната охридска архиепископија, но и со молитвите на сите други луѓе и членови на МПЦ-ОА успеавме да дојдеме до тоа да го вратиме единството, истакна српскиот патријарх Порфириј.

4,535

Цели 55 години нашата Српска православна црква се наоѓаше во раскол со браќата од Македонија, а тоа се луѓе кои слободно можам да кажам дека ни се најблиски.

Ова, меѓу другото, го кажа денеска српскиот патријарх Порфириј за време на средбата на Соборот на СПЦ со српскиот претседател Александар Вучиќ.






– Дури и кога се наоѓавме во раскол со браќата од Македонија и кога имавме некакви политички проблеми, сепак, ние не дозволивме таа криза да се рефлектира во конкретниот живот како што се случувало тоа на други полиња. Со молитвите и со жртвата што ја принесе архиепископот Јован од Православната охридска архиепископија, но и со молитвите на сите други луѓе и членови на МПЦ-ОА успеавме да дојдеме до тоа да го вратиме единството на црквата од Македонија. Успеавме браќата од Македонија да ги вратиме во православното единство, а тоа практично значи дека сме успеале да ги вратиме во единството со сите други православни цркви. Така што, ова може да се смета и за чудо, но гледате дека со божјата интервенција сѐ е возможно – рече патријархот Порфириј.

Поврзани содржини