НЕМАМЕ ОПЕРАЦИЈА СО КОДНО ИМЕ „АТЛАНТИК“ Агенцијата за разузнавање демантира

Ве уверуваме дека Претседателот на РСМ, г. Стево Пендаровски не се меша во работата на Агенцијата, ниту пак дал наредба за следење на активностите на политичките неистомисленици, се наведува во соопштението на Агенцијата за разузнавање.

661

Агенцијата за разузнавање соопшти дека најостро го демантира текстот со наслов „Власта ја реактивира операцијата „Атлантик“ со цел кршење на Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени“, објавен на 22.08.2023 г. на порталот „Expres.mk“ , во кој се изнесени дезинформации и лажни вести.

Авторот на текстот Г.М. ја наведува Агенцијата за разузнавање дека е дел од т.н. операција „Атлантик“, која според авторот има за цел оперативно да ги обработува политичките неистомисленици преку физичко и електронско следење на комуникациите.






„Агенцијата за разузнавање нема заведено операција со такво кодно име, односно не е дел од заедничка операција со домашните служби, ниту пак со сојузниците од НАТО и ЕУ. Во врска со наводите во текстот дека т.н. операција „Атлантик“ е продолжение на активности започнати во 2017/ 2018 г., прецизираме дека во тој период Агенција за разузнавање е раководена од друг директор, именуван од претходниот претседател на државата. Ве уверуваме дека Претседателот на РСМ, г. Стево Пендаровски не се меша во работата на Агенцијата, ниту пак дал наредба за следење на активностите на политичките неистомисленици“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини