Немаме ниеден заразен со коронавирус, а спојуваме два континенти: Ова е „најлудата“, но и најсреќна земја на планетата!
Ел Салвадор, државата помеѓу „двете Америки“, е единствената држава која што нема позитивен граѓанин на ковид-19, вирусот кој што моментално коси низ светот.
Розарио Муриљо (68), сопругата на некогашниот револуционер и долгогодишен претседатл на државата, Даниел Ортега (76), во чиј случај синонимот „прва дама“ значи и институционална политичка моќ, два пати досега во краток временски период се обратила до народот на оваа латинска држава.
Минатиот четврток, само четири дена откако под слоганот „Љубов во доба на корона“ ги повикала повеќе од шесте милиони жители да излезат на улица и со карневалска прошетка, игра и песна да ѝ пркосат на злобната пандемија, потпретседателката на Никарагва ја имала и оваа вест:
„Ел Салвадор, денес е единствената земја на два американски континенти без регистриран случај на заразата ковид-19.“
Никарагва исто така до неодамна можеше да се гордее со истиот факт, меѓутоа откако 40-годишен маж по враќањето од Панама бил позитивен на тестот за коронавирусот, и таму почнала борбата.