„НЕМАМ ПРИЧИНИ ДА ГО БОЈКОТИРАМ ВТОРИОТ КРУГ, ЈАС ЌЕ ГИ ДОБИЈАМ ИЗБОРИТЕ“ Пендаровски вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе нѐ врати во „мрачното минато“

„Пендаровски има многу јасен план и многу јасна програма за тоа каде треба Македонија да се движи во наредните пет години, за разлика од неговиот противкандидат, којшто нема програма, ние не можеме уште да ја прочитаме или да ја најдеме“, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

358

„Немам причина да го бојкотирам вториот круг, зашто ќе ги добијам изборите“, изјави претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, за време на посетата на Богданци и Дојран.

Тоа беше неговиот коментар на обвинувањата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори. Пендаровски одговори дека со тоа Мицкоски јавно го кажува својот страв.






– Да немавме внатрешна блокада, за неколку години од сега државата ќе беше и полноправна членка на ЕУ – изјави Пендаровски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржа анти-европското однесување на Бугарија и нејзината блокада.

Претседателскиот кандидат на СДСМ вели дека до сега не слушнал ниту една изјава од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека таа партија почитува некој од договорите што сме ги постигнале.

– Наместо тоа, најавуваат дека одново ќе преговараат и дека ќе постигнат подобри договори. А кој може да гарантира дека ќе постигнат подобри договори? Никој! Само ќе ја уназадат земјата 10-15 години и ќе ја вратат во мрачното минато – рече Пендаровски.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска рече дека Пендаровски ќе биде победничкиот кандидат на овие претседателски избори тоа веќе на сите им е јасно и затоа и таква е нервозата во таборот на нашите политички конкуренти.

– Досега Пендаровски води една одлична позитивна кампања, од којашто сум и јас дел, бидејќи во делот на моите дневни активности и јас сум вклучен заедно со другите кандидати за пратеници и другите партиски активисти во промоцијата и на кандидатот и на неговата програма. Пендаровски апсолутно може самостојно да ја образложи својата програма бидејќи пет години успешно ја извршува функцијата претседател на државата. Тој има многу јасен план и многу јасна програма за тоа каде треба Македонија да се движи во наредните пет години, за разлика од неговиот противкандидат, којшто нема програма, ние не можеме уште да ја прочитаме или да ја најдеме – нагласи Ковачевски.

Поврзани содржини