НЕМАМ ПОИМ КАДЕ Е АРТАН Адеми вели дека одамна се водела хајка против Груби

237

Не знам, немам поим, одговори потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми, во интервју за „360 степени“ на прашањето дали знае каде е поранешниот прв вицепремиер и висок функционер на ДУИ, Артан Груби.

Адеми одговори и дека не знае дали Груби ќе се врати во државава, а на прашањето дали треба да се врати, рече:






– Мислам дека секој треба да се соочи со правдата. Јас мислам дека се водеше политичка хајка и се најавуваше неговото апсење многу месеци порано. И пред составувањето на владата. Ги имате јавните изјави од политичарите дека ’ние кога ќе дојдеме на власт ќе го апсиме итн. – рече Адеми.

На прашањето дали и ставањето на Артан Груби на црната листа на САД го смета за хајка, Адеми одговори дека тоа е друга работа.

– Тоа ние го почитуваме како ДУИ. Тие ни се наши стратешки партнери. Но, дали има други луѓе на црната листа? Има. Дали се во затвор? Не се. Тоа е доволно – рече Адеми.

Поврзани содржини