НЕМАМ НАМЕРА ДА БАРАМ ЧЕТВРТ МАНДАТ ВО ПАРТИЈАТА Мицкоски вели дека со личен пример мора да покажеме дека секоја функција има крај
Според статутот на партијата, едно лице не може да биде бирано за лидер на партијата повеќе од три пати. На прашање дали ќе бара измени на членот од статутот што ја регулира оваа проблематика, Мицкоски одговори категорично и одречно.
Немам намера да барам имени во статутот на партијата, со цел да останам на лидерската функција и по истекот на евентуралниот трет мандат, кој би требало да ми биде доделен на редовниот изборен конгрес на партијата в сабота, 6 декември, во Кавадарци – одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување на МТВ во емисијата 360 степени.
Според статутот на партијата, едно лице не може да биде бирано за лидер на партијата повеќе од три пати. Доколку в сабота Мицковски биде реизбран, што е сосема извесно, со оглед на тоа што нема противкандидат, тоа ќе значи дека неговата лидерска функција на чело на ВМРО-ДПМНЕ би завршила во 2029 година.
На прашање дали ќе бара измени на членот од статутот што ја регулира оваа проблематика, Мицкоски одговори категорично и одречно.
– ВМРО-ДПМНЕ за мене е повеќе од партија, таа ми е како трето дена, имам два сина, но и партијата ми е како мое дете. Ако бидам избран, ова е мојот последен мандат, и додека јас сум претседател, тој услов и тој член нема да се менува. Дури и некој друг да предложи, јас таква промена на статутот нема да поддржам. Преку личен пример мора да покажеме дека се има почеток и крај, дека честа, достоинството и образот се најважни и немам намера да го моделирам статутот на партијата за такви цели – рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека подготовките за конгресот в сабота се во полн ек, тој очекува тоа да биде еден празник за партијата, и дека тој конгрес ќе го одбележи периодот пред нас. Тој рече дека нема информација дека ќе има и втор кндидат на конгресот на партијата
– На конгресот во 2017 во Валандово бев избран за претседател, ја презедов партијата на почетокот на 2018 година во една многу тешка ситуација и за државата и за партијата. Првиот мандат беше одбележан со реструктуирање и консолидирање на партијата, а денеска ВМРО-ДПМНЕ е најголема партија, партија со влада, очекувам третит мандат да го одбележат големи реформи и подобрување на стандардот на граѓаните – рече Мицкоски.
Тој додаде дека после конгресот ќе има промени во партијата, но рече дека не може да зборува за детали, затоа што тие треба да произлезат од седница на Централниот комитет по партискиот конгрес.