НЕМАЛО ПОНУДА ЗА ОСТАВКИ ИЛИ РАЗРЕШУВАЊА Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Градот ја обвинија Арсовска за измама и за лицемерие
Одлуките на директорите се последица на паниката на Арсовска дека никој не сака да соработува со градоначалничка која очигледно не е способна да донесе резултати кои ги вети, се наведува во реакцијата на советничката група.
Вчера Арсовска на прес конференција ги пофали директорите на јавните претпријатија дека се на ниво на задачата и дека одлично ја извршуваат, а денес лаже кога вели дека ги разрешува поради несоодветно работење, реагира советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
„Ниту понуда од Арсовска до директорите за доброволно заминување, ниту барање за оставка имало. Ја потсетуваме Арсовска дека антидатирањето бројчиња во архива е кривично дело, а лажењето на јавноста е лицемерие кое скопјани не го заслужуваат. Одлуките на директорите се последица на паниката на Арсовска дека никој не сака да соработува со градоначалничка која очигледно не е способна да донесе резултати кои ги вети“, се наведува во реакцијата на советничката група.
Според советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Градот, ваквиот чекор е доказ дека власт по секоја цена и преку газење принципи не е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ и дека функцијата значи одговорност спрема граѓаните.