НЕМАЛО НИКАКВО ИСТЕКУВАЊЕ НА ЛИНДАН Надлежните тврдат дека чистењето на ОХИС е безбедно

Беше спроведен вонреден инспекциски надзор, при што беше утврдено дека нема апсолутно никакво истекување на линдан – вели во соопштение Министерството за животна средина и просторно панирање.

258

Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека нема никакво истекување на линдан во ОХИС, а истовремено континуирано се спроведува процесот на чистење на линданот од овој поранешен индустриски комплекс.

„Дополнително, во средата, на 22 октомври 2025 година, во вечерните часови, беше спроведен вонреден инспекциски надзор, при што беше утврдено дека нема апсолутно никакво истекување на линдан или какви било други нарушувања на безбедноста во локацијата на ОХИС.






Министерството веќе неколку година активно работи на чистење на малиот линдански лот, каде што се постигнати значителни резултати. Паралелно се работи на изнаоѓање на најсоодветни и одржливи решенија за отпочнување на чистењето и на големиот лот, кој претставува следна приоритетна фаза во процесот.

МЖСПП останува целосно посветено на транспарентност, континуиран надзор и безбедно спроведување на сите активности, со единствена цел, создавање почиста, поздрава и побезбедна животна средина за сите граѓани, се вели во соопштението на Канцеларијата за комуникација со јавноста при Министерството за животна средина и просторно планирање.

Поврзани содржини