НЕМАЛЕ ПРИХОДИ, АМА СЕ ЧЕСТЕЛЕ СО АУТСОРСИНГ УСЛУГИ ЗА ОКОЛУ 554.000 ЕВРА Загубата на ЕЛЕМ ТУРС достигна 19,4 милиони евра

Ревизорите утврдиле дека постојните сместувачки капацитети на хотелите „Молика“ - Битола, „Попова Шапка‘‘ - Тетово, „Славија‘‘ – Тетово, одморалиште „Свети Стефан‘‘ - Охрид, одморалиште „Маврово‘‘ - Маврови Анови и автокамп „Ливадиште‘‘ - Струга, со исклучок на хотелот „Молика‘‘ – Битола, се застарени и во најголем дел не ги обезбедуваат минимално технички услови за сместување.

9,073

ЕЛЕМ ТУРС е во загуба од 2012 година кога е формиран, а последната поделба на две друштва во 2023 година, не ја подобрила состојбата. Посебен проблем се објектите со кои управува, а кои се руинирани и немаат услови за сместување гости. Ова го утврдиле ревизорите при последната ревизија на работењето.

Ревизорите констатирале дека до 2023 година ЕЛЕМ ТУРС акумулирал загуба од околу 19,4 милиони евра што претставува 92% од основната главнина. За да може да работи ЕСМ со години ги презема неговите долгови, па сега не може да го наплати долгот од околу 4,4 милиони евра.






Ревизорите утврдиле и дека иако се остварувале намалените приходи од хотелите на Попова Шапка, раководителите на ЕЛЕМ ТУРС ангажирале аутсорсинг услуги во вкупен износ од 324.000 евра со ретроактивна важност од два месеца.

„Со извршената ревизија утврдено е дека реализацијата на договорот продолжила во 2023 година и исплатени се вкупно 553.691 евра што претставува 70% надминување од вредноста на договорот“, се наведува во извештајот од Државниот завод за ревизија.

Ревизорите оценуваат дека за овие аутсорсинг услуги нема оправдување бидејќи подружницата Попова Шапка во тој период остварила низок износ на приходи.

Ревизорите оценуваат дека бил успешен проектот „ладен оброк‘‘ воведен во 2018 година преку кој вработените во АД ЕСМ Подружница РЕК Битола се снабдувале со оброк од кој ЕЛЕМ ТУРС за неколку години остварил приход повисок од 182.000 евра, но за неговата реализација набавките се вршеле без спроведување тендер.

Посебен проблем се објектите со кои управува, а кои се руинирани и во нив не може да се сместуваат гости.

ЕЛЕМ ТУРС располага со градежни објекти и опрема во износ од 4,624 милиони евра, но овој имот и покрај ризиците од пожари, кражби и слично не е осигуруван со години.

Ревизорите утврдиле дека постојните сместувачки капацитети на хотелите „Молика“ – Битола, „Попова Шапка‘‘ – Тетово, „Славија‘‘ – Тетово, одморалиште „Свети Стефан‘‘ – Охрид, одморалиште „Маврово‘‘ – Маврови Анови и автокамп „Ливадиште‘‘ – Струга, со исклучок на хотелот „Молика‘‘ – Битола, се застарени и во најголем дел не ги обезбедуваат минимално технички услови за сместување.

– Сместувачкиот капацитет во Одморалиштето „Свети Стефан‘‘ – Охрид не може да се користи поради исклучена електрична енергија, а во тек е реновирање на сместувачките и угостителските капацитети во Авто камп „Ливадиште‘‘ – Струга – велат од Државниот завод за ревизија.

За поголема искористеност на постојните капацитети, ревизорите предлагаат да се направи сеопфатна анализа на состојбите и да се инвестира за тие да се направат поатрактивни.

Ревизорите утврдиле дека проблематична била и постапката за поделба на друштвото на две нови друштва Друштво за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕСМ МОЛИКА ДООЕЛ – Битола и Друштво за туризам, угостителство, рекреација и спорт СКИ ЦЕНТАР ПОПОВА ШАПКА ДООЕЛ – Тетово.

„Недвижните ствари биле отстапени на новите друштва, но тоа не било случај и со движните ствари, чија сметководствена вредност изнесува 190.735 евра, а за кои не била обезбедена проценка за нивната вредност од овластен проценител. Дополнително, различниот пристап при прераспределба на вработените од подружниците Попова Шапка и Молика во новоформираните друштва резултирал со покренување судски постапки од дел од вработените“, се наведува во извештајот на ревизорите.

Поврзани содржини